Навалица од барања за амнестија за настаните од 27 април – побарале 38 лица


Законот за амнестија ги мобилизираше обвинетите и веќе осудените за настаните од 27 – ми април. На адреса на Кривичниот суд пристигнале 38 барања за помилување. Милост освен дел од обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок, побарале и оние кои претходно беа осудени на условни казни за насилство.

Досега пресуди има за учество во толпа, седуммина беа осудени за обид за убиство на Зијадин Села, затворска казна за насилство доби и „кубачот“ на Радмила Шекеринска

Од скопска единица не соопштуваат официјално кои лица досега поднеле барање за амнестија. Но, адвокатите на обвинетите или веќе поднеле или се во фаза на подготвување на документите. Денеска милост од судот побарале, Александар Василевски – Нинџа, пратеникот Љупчо Димовски, а аменстија ќе бараат и Горан Ѓошевски – Леви како и Абдулфета Алими.

Единствени кои рекоа дека нема да поднесат барање се Јане Ченто и Игор Југ.

Судот има рок од 5 дена да одлучи по барањето откако претходно ќе добие мислење од јавното обвинителство.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1