Еден од најжестоките критичари на рускиот претседател Путин паднал во бесознание додека патувал со авион на релација Москва – Томск.
Неговата портпаролка Кира Јармиш на Твитер тврди дека Навални е отруен. Нему ненајдено му се слошило, откако испил чај на аеродромот пред полетувањето, што според нејзе, било единственото нешто што тој го конзумирал денеска. Докторите во болницата, каде е хоспитализиран, велат дека во моментов не можат да откријат дали станува збор за труење.
-Тој е во сериозна состојба. Му дадовме кислородна поддршка и тој сега е стабилна состојба. Во моментов имаме неколку дијагностики кои се потврдени, побиени или се во процес на дискусија. Не би можел ништо повеќе да кажам зашто имаме протокол, според кој, се забранува да откривање какви било информации без дозвола од пациентот, изјави Анатолија Калиниченко, заменик директор на болницата во Томск
44-годишниот Навални е правник и борец против корупција, во последните неколку години беше во затвор неколку пати поради организирање протести против Кремљ.. Во 2008-та се обиде да се кандидира за претседател, но му беше забрането поради пресудите. Европскиот суд за човекови права пресуди дека неговите притворања биле политички мотивирани и дека ги кршеле неговите човекови права.