Навистина постоела – еве за кого е напишана „Не дај се Инес“


Песната Не дај Се Инес е белег на многу генерации, со неа пораснаа, со неа се вљубуваа а нејзините стихови напамет ги знае речиси цела поранешна Југославија. Еве што авторот на песната Арсен Дедиќ рекол за кого е напишана песната

,,Таа, Инес, се занимаваше со пластични уметности, живее во Милано и е вдовица без деца. Никогаш не ме напушти, ни за миг. Ми направи една бронзена биста, пет поштари ја носеа, толку беше тешка. Доаѓа речиси секоја година, зема соба во хотел Еспланада и поминува во Загреб три-четири дена, да ми биде блиску и да се видиме. Вели дека мојата песна ја обележала за цел живот. Еве, баш денес ми се јави Раде Шербеџија, да ме праша дали можам да настапам со него во април, бидејќи наводно ќе ја изведува и Инес. Значи, таа сè уште не ме напушта во емоционална смисла, а со неа прекинав пред 51 година. Дали е тоа во ред?arsen-i-fabi1-520x390

Во ред е, ако не ја повлекува со себе љубомората на некоја нова љубов.

Мојата Габи во голема мера беше сведок на сето тоа. После сите тие минати љубови, останаа пријателствата. Можеби само една од тие љубови остана во некое лошо сеќавање. Сите тие за мене утре би дале рака, а и јас за нив. Дали е тоа во ред? Мојата најголема љубов пред Габи беше Божидарка Фрајт. И денес сме пријатели. Таа е дете од Козара, била во усташки детски логор во Јастребарска. Не знаеше ни кога е родена, па подоцна го славеше својот роденден кога и мене ми е роденден. Така живеевме.

Бев популарен, а на крајот на краиштата меѓу двата брака имав десет години интеррегнум, или како што велам јас безвластие. И, ве молам, да се разбереме, тоа беше меѓу 25 и 35 години, кога човек е под напон, па веројатно тоа е и некое време на слобода. Значи, велам, бев во некаква мода, а и патував по целиот свет… Сето тоа тоа ви дава големи шанси.

Ги искористивте ли добро?

Дедиќ: А, Боже господе! Ако работиш, да речеме, во Рио де Жанеиро, имаш хостеса која те следи во текот на престојот, и ако е миловидна, невина и богобојазна, тогаш нормално е да ѝ се понудиш. Со успех или без успех. Потоа работев во Сибир, па и таму некоја шанса. На пример, во Стокхолм ми приоѓа една госпоѓица и ми вика: „Сакам да бидам со тебе.“. И кој сум јас да се опирам? Па, на пример, во Амстердам, по концерт, ми доаѓа една жена и ми вика: „I’m hot!“. И ај сега, што да правам?

А оние што ги остававте по светот?

Дедиќ: Ха, тие плачеа по аеродроми. Плачеа во Сибир, плачеа во Њујорк, во Бразил… Ќе се изнаплачат и потоа си продолжуваат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1