Тројца навивачи на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина загинаа во сообраќајната несреќа на враќањето од натпреварот во Литванија, на која екипата на „Змаевите“ остварија историска победа и се пласираа на Светското првенство во фудбал.
Момчињата биле на возраст од 23, 25 и 27 години, а единствениот преживеан патник има 26 години. Тој е вон животна опасност, но има тешки фрактури.
До несреќата дошло кога автомобил марка „рено меган“ се судрил со камион во близина на полскиот град Ломш, 150 километри оддалечен од Варшава
Во изјава за порталот sportsport.ba пред натпреварот Литванија Босна, трагично починатиот утринава Хасиб Махмиќ зборува како треба да се вози полека, дека се случиле многу сообраќајни несреќи, и за жал тоа е неговата последна изјава..
Како да имал претчуство, додаде дека се надева дека ќе има голема прослава по завршувањето на натпреварот и дека сите ќе се вратат живи и здрави:
“Би сакал сите да се вратиме во Босна мирни и весели, живи и здрави, да нема сообраќајка, бидејќи денес имаше голем број на патиштата, тоа е ненормално“…
Неговата девојка напишала трогателна порака на фејсбук, а медиумите јавуваат дека биле верени и планирале токму во Бразил на првенството да се венчат.