NBC му даде отказ на Доналд Трамп, нема да ги пренесуваат изборите за Мис


Поради неодамнешните навредливи изјави за Мексиканците, „Ен-би-си Универзал“ одлучи да ја откаже професионалната соработка со Доналд Трамп (69), стои во нивното соопштение.

Сопственикот на лиценцата за Мис Универзум и еден од најбогатите луѓе на светот, чие богатство се проценува на над 4 милијарди долари, ги навреди мексиканските имигранти и со тоа го загрози својот избор за Мис Универзум.donald tramp

Од Ен-би-си порачаа дека повеќе немаат намера да го пренесуваат изборот за Мис Аемрика како и изборот на Мис Универзум.

– Ќе изградам голем, голем ѕид на границата со Мексико и ќе ги натерам Мексиканците да го платат градењето. Никој не гради подобро од мене, а го правам тоа евтино. Мексиканците ни носат дрога, криминал и силувачи. Запомнете ги овие зборови – изјавил Доналд Трамп во говорот кој е дел од неговата кампања за американски претседател.

Спонзорите и ТВ каналот кој со години го пренесуваат изборот почнаа да му откажуваат соработка, а мексиканската дирекција сака да ја повлече својата кандидатка Венди Еспарзу (23) од овогодинашното натпреварување.trump777

На неговите изјави реагираа и познатите Латиноамериканци како пејачот Рик Мартин (43), кој изјави дека во срцето на Трамп има премногу омраза и не знаење и дека штотуку го изгубил неговиот глас.

Милијардерот сега се обидува да се извлече па на социјалната мрежа напишал дека ги сака Мексиканците, но не и неправедната трговија со САД, што е добро за Мексико, но многу лошо за Америка.

На милијардерот ова ми е втор гаф во последните неколку дена. Неодамна го нападнаа бидејќи отворил лажен универзитет без лиценца и на тој начин со измама заработил многу пари. Поради тоа њујоршкиот државен обвинител покрена тужба, на која Трамп одоговри со противтужба.

Откако со години зборуваше дека ќе се кандидира за претседател на САД, бизнисменот и телевизиска ѕвезда од вторникот и официјално се натпреварува во американските претседателски избори 2016 година. Неговата кандидатура крена голема прашина во медиумите и на социјалните мрежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1