НБРМ само со препорака – Банките ќе одлучуваат на кого и дали на 3 месеци ќе одложи наплатата на кредитите


Додека Народни банки во регионот на минимум 3 месеци ги замрзнаа ратите на кредитите за сите граѓани и фирми, нашата Народна банка само со препорака – секоја банка да одлучува посебно, за секој клиент.

Само граѓаните и фирмите кои ќе имаат проблем со плаќањето можат да побараат мораториум на плаќањето рати, но банката ќе одлучи дали ќе им го дозволи тоа.. По цел ден заседавање, Советот на Народната банка со препорака – за пребродување на кризниот период, лицата можат да бараат одлагање на плаќањето рати за кредит, пролонгирање на рокот на достасување, пониска камата или одобрување нов поповолен кредит.

Сепак, деловната банка ќе го има крајниот збор, врз основа на кредитното портфолио на клиентот. Ова значи дека ако банката процени, може и воопшто да не ги промени кредитните услови. Во соопштениетото на Народната банка се наведува и дека овие флексибилни услови им се достапни само на лицата и фирмите кои при отплатата биле редовни, односно немале нефункционални кредити.

Бизнисот и граѓаните очекуваа целосно замрзнување на плаќањето рати за кредит на 3 месеци, како што направија Народните банки во Црна Гора, Србија, Албанија, Австрија. Велика Британија. Словенија и Унгарија целосно ги замрзнаа плаќањата до крајот на годината, а Италија е првата земја која во целост ги одложи исплатите на кредитите додека не заврши корона кризата. Во моментов Хрватското здружение за банки заедно со Централата, размислува за воведување одложено плаќање на ратите, на најмалку 3 месеци.

Сител.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1