НДМ: Албанија и Косово со сеалбанската платформа ни објавија војна


Народно движење за Македонија изразува длабока загриженост и истовремено силно ја осудува вклученоста на Албанија и Косово во донесувањето на т.н. сеалбанска платформа која повикува на редефинирање на уставниот поредок на Македонија.

Во соопштението на НДМ се наведува:ndm-janko-bacev

„Ова особено добива на сериозност ако се знае дека според правилата на општото меѓународно задолжително право, ваквиот атак на Албанија и Косово спрема македонскиот суверенитет и интегритет се смета за објава на војна и загрозување на меѓународниот мир и безбедност.

Оттука, НДМ смета дека е созреан условот Владата на Република Македонија во согласност со своето меѓународно правно-признато право да му обрне внимание на Советот за безбедност на Обединетите нации за овие загрозувачки активности на Албанија и Косово по мирот и безбедноста како орган чија примарна надлежност според Повелбата на ОН е меѓународниот мир и безбедност.

Истовремено, НДМ ги повикува Груевски и Заев како најодговорни во моментот за опстанокот на земјата да се вразумат и веднаш да усвојат национален документ за виталните национални и државни интереси во кои никој нема да чепка без оглед кој победува на избори и составува влада.

Во овој контекст, како појдовна основа да послужи Меморандумот за Македонија кој на 4 јануари претседателот на НДМ Јанко Бачев им го достави лично на Груевски и Заев, а со кој се обезбедува опстанокот на земјата.

Всушност, токму недозволивото превирање меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за прашањата од највисок национален интерес ја постави сцената за ваквото однесување на Албанците во регионот“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1