ТМРО: Таканаречена албанска платформа е уцена до македонскиот народ


ТМРО ги повика сите политички партии на Македонците, но и останатите да ја отфрлат Заедничката платформа на албанските политички партии.tmro

„Таканаречената Албанска политичка платформа за учество во сегашна или идна македонска влада, за ТМРО е уцена до македонскиот народ и македонската држава со јасна провокативна божиќна порака, или двојазична федерација или војна. Дадените политички координати од Тирана го отвараат и правото на реципроцитет помеѓу овие две држави за малцинствата, соопшти партијата.

ТМРО, како што стои во изјавата од претседателот на партијата Ванчо Шехтански, смета дека впуштање во какви било политички калкулации со ваква платформа од која било македонска партија е национално предавство.

„Ваквиот ултиматум ,со заедничка платформа од сите политички претставници и на Македонците, но и на Ромите, Турците, Власите, Бошњаците,треба веднаш да се отфрли, со оглед на неговиот антиуставен карактер, кој ја негира унитарноста на Република Македонија“, вели Шехтански.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1