Претседателот на Венецуела почина на 58-годишна возраст, навосно од тежок инфаркт.
Пред да умре, неговите последни зборови биле: -“Не дозволувајте да умрам”.
– Тој не можеше да зборува, но полека со усните и кажа, Не сакам да умрам, Ве молам не ме пуштајте да умрам. Тоа е затоа што ја сакаше својата земја. Тој се жртвуваше за својата земја, изјавил генералот Хосе Орнеља.
Народот на Венецуела денеска му го кажа последното збогум на Чавез додека неговиот ковчег беше пренесен низ улиците на Каракас.