Не е повеќе казниво да не се земе фискална сметка


Не е повеќе казниво немањето фискална сметка по одлуката на Уставен суд со која се оспорува членот од Законот за готовински плаќања. Членот предвидува глоба во износ од 20 евра за оној кон не побарал фискална сметка и кој не ја сочувал најмалку 15 метри од местото на прометот. Со одлуката на Уставниот суд се укинува членот 21-в од Законот.fiskalna smetka

Според Судот воведувањето прекршочна казна за граѓанинот потрошувач во ситуација кога со Законот за регистрирање готовински плаќања даночен обврзник е давателот на услугата, а не примателот на услугата, го доведува во прашање владеењето на правото.

На истата седница уставните судии одлучија да укинат уште еден член кој се однесува на фискализацијата. Со оспорувањето на членот 4-а купувачот ќе мора да ја плати стоката, односно услугата, без разлика дали му е издадена или не фискална сметка.

„Причините за укинувањето се поради тоа што таквата обврска на граѓаните наместо државата и инспекциските органи да бидат контролори над оние кои не ја почитуват фискалната и даночна регулатива ги доведува во прашање слободата на пазарот и претприемништвото и владењето на правото“, велат од судот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1