Аспиринот како еден од најчесто користените лекови не мора да служи исклучиво за да ублажува разни видови на болести, туку има и други помалку познати корисни примени.
1. Го намалува првутот
Поради салицилната киселина што ја содржи, а која е состојка и на многу шампони против првут, аспиринот може да помогне во борбата против првутот. Здробете два или три аспирина и помешајте ги со вообичаена количина на шампон која што го користите за секое миење на косата. Добро измасирајте го темето оставете да делува две до три минути па темелно измијте се.
2. Ги смирува убодите
Благодарение на своите своиства против воспаленија, аспиринот може да го намали црвенилото, отокот од болка и убодот од инсекти. Земете таблета аспирин и ставете ја да делува на убоденото подрачје неколку минути.
3. Отстранување на дамки
За отстранување на дамки од пот, измешајте во сад три здробени аспирини и половина чаша топла вода. Намокрете го извалканиот дел во садот и оставете да отстои најмалку два часа. Потоа измијте ја маицата како и обично. Со истата мешавина можете да ги отстраните и дамките од никотин на рацете. Нанесете раствор на дамките, оставете да делува 15 минути, а потоа темелно измијте ги рацете.