Тринаесетгодишната Алиса ќе лета на Марс


Оваа тинејџерка од Лусијана во своето неодамнешно интервју за Би-би-си рече дека има големи шанси во скоро време да замине со вселенско летало на Марс, за што се подготвува веќе неколку години

Алиса Карсон е 13-годишно девојче со големи соништа. Сепак, таа е решена да ги исполни и да биде првиот човек од Земјата што ќе слета на Марс.

alyssa-09102014-625titter
Но во нејзиниот случај тоа не се само соништа, а и во НАСА мислат дека таа има големи шанси за тоа, бидејќи веќе извесно време таа сериозно се подготвува за својата вселенска мисија.

– Алиса веќе ги направи првите чекори и има големи шанси да стане астронаутка – велат во НАСА.
Ова амбициозно девојче веќе одеше на некои курсеви и учи неколку странски јазици, а исто така таа е единствената личност што била на сите три спејс-кампови на Американската вселенска агенција.

Оваа тинејџерка од Лусијана во своето неодамнешно интервју за Би-би-си рече дека за неа „неуспехот не е опција“ и оти смета дека има големи шанси за заминување со вселенско летало на Марс, за што се подготвува веќе неколку години.

– Ниедна пречка нема да ме запре – порачува Алиса.

Според плановите, првата човечка мисија на Црвената планета ќе биде извршена во 2033 година, па нејзиниот татко Брет вели дека таа до детаљ ги испланирала наредните 20 години.

– Подготвени сме и на опцијата дека таа нема никогаш да се врати. Но сигурни сме дека, доколку тоа биде еден од условите, Алиса ќе го прифати – вели тој.

Инаку ова амбициозно девојче, освен што учи неколку странски јазици, свири и на пијано, игра фудбал и се дружи со своите врсници.
– Понекогаш навистина уживам да бидам дете – вели Алиса.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1