Граничниот премин Прешево на македонско-српската граница е потполно прооден и граѓаните кои сакаат да ја напуштат Македонија , немаат никакви проблеми, изјавија вечерва од Српската амбасада во Скопје за РТС.рс.
“Во еден момент беше јавено дека границата е затворена, но тоа не е точно. Границата е отворена од двете страни, изјави Дејана Ѓукиќ од Српската амбасада во Скопје за Танјуг
Министарството за надворешни работи на Србија вечерва издаде соопштение со кое им препорачува на државјаните на Србија да не патуваат во Македонија од безбедносни причини.
Оние кои се враќаат од Грција им се препорачува да користат алтернативни патишта преку Бугарија, соопшти српското министерство за надворешни работи.
За актуелните информации граѓаните можат да се обратат во амбасадите на Република Србија во Скопје , Софија, како и во генералниот конзулат во Солун.
Дејана Ѓукиќ од Српската амбасада во Скопје за Танјуг изјави дека состојбата во Скопје е мирна како и во другите делови од Македонија.