Не ги фрлајте пакетчињата силиконски гел – ќе ви се најдат


Ги знаете оние малечки пакетчиња силиконски гел кои ги има во секоја нова чанта или чевли? Нивната цел е да апсорбираат влага. Па затоа не ги фрлајте, туку собрирајте ги, ќе ви се најдат за многу работи. Еве како.

0273007.48Мобилен телефон

Доколку телефонот ви падне во водата, се уште ништо не е изгубено. Брзо извадете го од вода, извадете ја картичката и оставете го да се суши по природен пат, но меѓу повеќе пакетчиња на силиконски гел. Овие пакетчиња ќе ја соберат влагата и телефонот ќе може повторно да работи. Фотографии Доколку сакате да ги заштитите старите фотографии, дневници или споменари од детството, меѓу листовите ставете пакетчиња силиконски гел.

Колекционерство

Ако собирате поштенски марки, сликичќи, салветки или стари хартиени пари, во кутиите кои ги чувате ставете неколку пакетчиња од гелот и така ќе бидете сигурни дека влагата нема да ги уништи.

Важни документи

Купопродажни договори, изводи на родените и други важни документи кои со текот на годините знаат да се уништат од влага, може да ги спасите со овие мали пакетчиња. Работи за во подрум Честопати работите кои не сме подготвени да ги фрлиме, ги ставаме во подрум. Доколку се уште ви значат и не сакате да се оштетат, во картонските кутии или во ќесите ставете од малечките кесички силикон, така сигурно нема да се уништат од влага.

Tags:

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1