Не ги фрлајте расипаните јајца – Сакате да живеете долго – Мирисајте расипани јајца


Гасот, кој на расипаните јајца им дава карактеристичен мирис, го забавува стареењето и ги блокиреа штетните хемиски реакции во клетките, покажале резултатите од едно истражување спроведено во Кина. 

jajcaНаучниците кои ги испитале ефектите на гасот со непријатен мирис врз кардиоваскуларниот и нервен систем, откриле дека водород-сулфидот ги активира гените задолжени за долговечност на ист начин како и ресвератролот, антиоксиданс од црното вино. За разлика од него, водород-сулфидот го произведува човечкото тело.

– Забавувањето на стареењето така се одвива на барем три начини, истакнуваат во својот извештај шефот на истражувачкиот тим Џанг Жишенг и неговите колеги од Универзитетот во Јужна Кина.

Гасот помага да се спречат слободните радикали кои ги оштетуваат клетките, го поттикнува производствто на корисните ензими и комуницира со генот кој самостојно се бори против стареење.

– Податоците кои ги добивме укажуваат дека водород-сулфидот може да биде важен агенс за спречување на стареењето и болестите кои го следат, истакнува Џанг, додавајќи дека луѓето еден ден би можеле да конзумираат храна богата со ова соединение, со цел да живеат подолго и поквалитетно

Повеќе на – BabinLek.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1