Не ги крадете цвеќињата, дојдете, ќе ви дадеме – а ако ве фатат казна е 50 евра


Само во изминативе шест месеци, хулигани и несовесни граѓани му предизвикале штета од околу 30.000 евра на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, информира вчера директорот Душан Авировиќ.

cvekje3Украдени се 36.000 цвеќиња низ градот, уништени се многу инсталации и хидранти, нови дрвја, зимзелени садници, а постојано се кршат и цветните фигури што претпријатието ги поставува во паркови и во средишното булеварско зеленило.

Особено цел се скулптурите на штрк во Аеродром, маскотата на тамошниот кошаркарски клуб, и тоа на противничките навивачки групи. Во изминативе денови биле искршени и четири италијански садници спроти поранешната фабрика „Треска“ во Kапиштец.

– Апелираме до граѓаните да не крадат цвеќиња и да не го оштетуваат зеленилото низ Скопје. Доколку имаат потреба од цвеќе, ги повикуваме да дојдат во претпријатието и ние ќе им донираме – рече директорот.

cvekje zelka skopjeНајголемите оштетувања се во Градскиот парк, од каде што во изминатиов период се искршени и украдени 50 прскалки и 30 хидранти. Исто така, не престанува и неговото нагрдување со ѓубре.

Само викендов, по манифестацијата „Икс-фактор“, оттаму биле изнесени 11 камиони со смет, посочи Авировиќ.

Kазната за уништување на јавно зеленило или кражба на чешма или хидрант е 50 евра или општокорисна работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1