Поради честото оштетување на возила со македонски регистрации, министерството за надворешни работи му упати вербална нота на шефот на грчката канцеларија во Скопје, Харис Лалакос.
Покрај оштетувањето и крадењето на македонските регистарски таблички, од МНР реагираат и поради организираните собири на македонско-грчките гранични премини, каде беа искажаа националистички навреди и говор на омраза кон македонските граѓани.
МНР очекува грчките власти да преземат соодветни мерки, како и брза реакција кон овие прашања.