Не ги сопираат ниту железнички рампи – Видеа од железници од скриени безбедносни камери


Јавното претпријатие МЖ Инфраструктура апелира возачите да ја почитуваат поставената железничка сигнализација со што би се избегнале сообраќајните несреќи кои во последно време се позачестени.

Претпријатието денеска информира дека преку безбедносни камери се евидентирани случаи на непочитување на железничката сигнализација кај железничката пруга во Драчево од страна на возачи.1409919617-rampaDracevo-520x335

Снимките може да се најдат на веб страницата www.mzi.mk во делот активности по наслов „Вандалско однесување на учесниците во сообраќајот“ на вкрстувањето на патот со железничката пруга во Драчево.

Оваа активност е дел од кампањата за заштита и безбедност во сообраќајот промовирана од страна на МЖ Инфрастуктура со цел зголемување на безбедноста во железничкиот сообраќај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1