Не ги вакцинирале децата: Над 70 родители добија прекршочни пријави


Првите 6 месеци годинава, 71 родител заработи прекршочна пријава бидејќи не ги однеле децата да ги примат задолжителните вакцини.

Според информациите на zdravstvo24.mk од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, 8 од пријавите се за вакцината ХПВ а 63 за останатите од календарот за имунизација. Родителите ќе завршат на суд а им се заканува казна од 300 до 650 евра бидејќи не го почитуваат законите каде е регулирано ова прашање.vakcinacija

Бројот на пријави за тој период е зголемен и поради “антивакциналното движење” кое пред неколку месеци беше актуелно со наводната поврзаност на вакцината МРП со аутизам. Но по настапите на познати и признати светски експерти кои кажаа дека нема никаква врска вакцината со аутизмот, се стиша и антикампањата, пишува zdravstvo24.mk.

Инаку согласно законите, вакцинацијата е задолжителна за сите лица од определена возраст против туберкулоза, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, црвенка, заушки, хемофилус инфлуенца апит тип Б (Хиб) и вирусен хепатитис Б.

Вакцинација по епидемиолошки индикации се спроведува против тетанус, вирусен хепатитис Б, беснило, жолта треска, цревен тифус, грип и менингококов менингитис.

Здравствените власти тврдат дека во земјата се користат квалитетни и безбедни вакцини а имунизацијата е со опфат над 95%. Според СЗО, околу три милиони лица годишно умираат од болести што можат да бидат превенирани со вакцини.

Од нив, 1,5 милиони се деца до петгодишна возраст.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1