Не издржа: По 6 месеци во кома почина ќерката на Витни Хјустон – Боби Кристина


Ќерката на Витни Хјустон, Боби Кристина почина во болница, шест месеци откако беше најдена во бесвесна состојба во својот дом во Џорџија.kristina vitni hjuston

Единствената ќерка на почината поп-ѕвезда Витни Хјустон, Боби Кристина Браун на 22 годишна возраст почина. Таа беше во шестмесечна кома откако по повредата во својот дом се здоби со трајни оштетувања на мозокот. Боби Кристина по смртта на својата мајка два пати беше хоспитализирана заради душевно растројство.

Дваесет и двегодишната девојка починала во опкружување на нејзиното семејство и пријателите во болница. Мајка ѝ, Витни, почина три години претходни откако беше најдена мртва во када во својот дом во Беверли Хилс. Кристина под слични околности беше најдена во критична состојба во домот во Џорџија.

Нејзината смрт се води како „обид за убиство“ бидејќи беше најдена во када со модринки на телото. Според информациите на сајтот ТМЗ, прв што ќе биде испрашан за нејзината смрт ќе биде нејзиното момче Ник Гордон.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1