Не ја дале куќата – им изградиле автопат околу неа (Фото/Видео)


Сопственик на куќа од Баоген не сакал да се исели иако куќата требало да се сруши поради изградба на автопат. Не прифаќале ниту пари ниту преговори. На крајот автопатот е изграден околу нивната петкатна куќа каде живеат само тие двајца.

Во Кина приватната сопственост до неодамна беше укината, па на луѓето им беше полесно да се селат од место во место.

Но сега законите се сменети и построги во делот дека е противзаконски насилно да се уништи имотот без согласнот на сопственикот.

Ова не е прв случај во Кина една куќа да се најде на патот на изградба на нешто ново и големо.

Сопствениците на оваа куќа останале на мал остров меѓу облакодери. Градежниците мислеле дека на овој начин ќе ги принудат да се иселат.

Дури им праќале и рекетари но тие се упорни и три години живеат меѓу облакодерите без струја и вода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1