ВИДЕО: Груевски нападнат со јајца и пластично шише


За време на посетата на македонскиот премиер на Тирана, неколку радикални лица влетале во трасата на македонската делегација и како провокација фрлиле платично шише и јајца кон автомобилот на Груевски, јави прес24.

Нападот се случил додека премиерот бил пренесуван до хотелот Шератон.

Според весникот „Лајм“ активисти на Цивилната Партија од Албанија фрлале јајца кон автомобилот, во кој бил премиерот Никола Груевски при неговата посета на Албанија.

Претседателот на оваа партија Таулант Цапа на својот Фејсбук – профил поставил коментар во кој се тврди дека околу 16 часот и 30 минути, нивни активисти фрлале со јајца кон автомобилот на како што напишал – „славомакедонскиот премиер“.


Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1