Не ја шерувајте песната на Тоше – моли сопственикот на правата – еве линк каде и кога ќе биде промовирана


toseОткако во јавноста се појави новата песна на Тоше неговите фанови низ Балканот ја шеруваат на социјалните мрежи – но според сопствениците на правата на оваа песна тоа не е на официјалниот канал. Тие упатија молба до фановите да не ја шеруваат песната од овие канали, да почекаат до роденденот на Тоше кога и свечено ќе се пушти оваа песна.

Ви го пренесуваме нивното соопштение –

Почитувани,

Ви испраќаме информација за премиерното емитување на песната „Све је ово премало за крај“ на нашата легенда Тоше Проески.
Новата песна на Тоше Проески ќе биде емитувана премиерно во петок
onairmkФондацијата „Тоше Проески“ одлучи да ги заштити делата на нашата легенда од секакви злоупотреби. Како ексклузивен сопственик на неговите дела, фондацијата склучи договор со канадската музичка компанија OnAir.FM за заштита на новата сеуште необјавена песна која го носи насловот „Све је ово премало за крај“.
Ексклузивно, видеото со песната „Све је ово премало за крај“ на Тоше Проески ќе биде прикажано во петок, точно во 12 часот на www.onairmusic.mk
OnAir.FM Macedonia ги известува фановите на Тоше Проески да не ги злоупотребуваат видео клиповите со преаплоадирање на разни youtube канали бидејќи со таков чекор само одмагаат кон целта да се зачува културното богатство кое зад себе го остави Тоше.
Со почит,
Ваша OnAir.FM Macedonia
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1