Не јадело 68 дена: Девојче умрело по постот, семејството обвинето за убиство


Семејството на девојчето ќе одговара за убиство бидејќи девојчето го натерале на контроверзен верски обред, за време на кој е дозволено само два пати дневно да се пие провриена вода, вели полицијата во Хајдерабад.

Арадана Самдарија колабирала и паднала во кома два дена откако го завршила драконскиот пост, а потоа починала од последици на инфаркт.indija-ardana-samdarija-dzainizam-post-smrt-foto-printscreen-youtube-1476098843-1008955

„Сега ништо не е јасно. Телото е кремирано и истрагата ја засниваме на информациите кои ни ги даде лекарот. Ќе ги испитаме сите членови на семејството пред да продолжиме со истрагата“ изјавил главниот истражител М. Матаја.

Џаинизмот е една од најстарите и најрадикалните религии, која заговара ненасилство и мир. Во Индија е трета според застапеност, а во светот имало четири милиони следбеници. Меѓутоа, неговите членови секоја година се ставале на еден од најнеобичните и најкотнтроверзните ритуали на светот мистичен обред познат како „сантхар“, т.е. изгладнување до смрт. Сепак, тоа обично го правеле постарите верници кои чувствуваат дека живееле доволно и дека ги завршиле сите свои должности.

Семејството на Арадана тврдело дека девојчето се согласило на постот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1