Не купувајте млеко за доење од фејсбук – германските лекари со апел


Предупредувањето следело по пишувањето на „Шпигел“ за набавките на мајчиното млего преку „интерент мрежите“, пренесува AFP.

Германски педијатри деновиве ги предупредија „новопечените“ родители да не набавуваат мајчино млеко за новородените деца преку Фејсбук, затоа што истото може да биде штетно. Истите биле упатени да користат специјално млеко во прав. Предупредувањето следело по пишувањето на „Шпигел“ за набавките на мајчиното млего преку „интерент мрежите“, пренесува AFP.

Германското Професионално здружение на педијатри, во пишаното соопштение истакнува дека, иако мајчиното млеко во принцип е најдобра опција за бебето, не би требало да се бара преку интернет, затоа што жените кои го даваат би можеле да земаат некакви лекови или дроги, или пак да боледуваат од заразни болести како што се сидата или хепатис.

„Никој не може да провери дали млекото на непознатата мајка е штетно за одредено бебе“, истакнува Волфрам Хартман, претседател на споменатото здружение.
Тој напоменува дека квалитетот на нарачаното мајчино млеко би можел дополнително да се расипе при транспортот, како и тоа дека нутритивните потреби на роденото бебе не се исти како оние кои ги имаат бебињата кои што се стари неколку недели или пак месец дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1