Не купувајте секакви: Влажните марамчиња може да се многу штетни


Истражувачите од клиниката Мејо во Минесота докажаа дека хемикалијата метилхлороизитиазолинон MCI, која се користи во влажните марамчиња, може да предизвика црвенило, иритации и алергиски реакции.

Чи­тај­те ги дек­ла­ра­ци­и­те на влаж­ни­те ма­рам­чи­ња

getty_rm_photo_of_baby_wipeАн­ти­ба­кте­ри­ски­от спој бро­но­пол што го со­др­жат не­кои влаж­ни ма­рам­чи­ња е ште­тен за ко­жа­та и за бе­ли­те дро­бо­ви, ка­ко и за иму­но­ло­шки­от си­стем. Во влаж­ни­те ма­рам­чи­ња че­сто се на­о­ѓа­ат и то­ксич­ни­те фта­ла­ти кои, ка­ко што твр­дат струч­ња­ци­те, ги ими­ти­ра­ат жен­ски­те хор­мо­ни.

Научниците инсистираат предметната хемикалија да биде веднаш додадена кон листата на токсични соединенија, бидејќи не се става само во марамчињата, туку исто така и во козметиката.

Во големи концентрации MCI е познат кожен надразнувач кој е во состојба да предизвика и изгореници. Според светските прописи тој е безбеден кога се употребува во пониски концентрации и кога не е во продолжен контакт со кожата.

Др. Варшау која е експерт по алергологија на Универзитетот во Минесота вели дека 3% од целокупното население е алергично на оваа хемикалија. Заедно со овие штетни конзерванси постои и друг опасен алерген – освежувачот. Соединенијата кои го одржуваат свежиот мирис на влажните марамчиња можат да ја иритираат кожата, а ако дојдат во контакт со очи или отворена рана можат да предизвикаат десет пати посилна алергиска реакција.

MCI исто така го има и во шампони, сапуни, гелови за туширање и кремови за сончање. Експертите предупредуваат да се проверува составот на производите кога се купуваат за да се избегнат оние што го содржат овој конзерванс.

Рингераја

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1