Не можат да живеат еден без друг – одобрена еутаназија на постара брачна двојка


Двајца повозрасни Белгијци, брачна двојка во поодминати години, решиле заедно да бидат еутанизирани, со цел пред самиот крај на животот да не мораат да останат еден без друг.

Францис (89) и Ане (86) во својата одлука добиле поддршка и од нивните три деца, кои велат дека не би можеле да се грижат за едниот од нив во случај другиот да почине. Францис веќе 20 години прима лекови за рак на простатата и не може да мине ниту ден без морфиум, а Ане е делумно слепа и речиси потполно глува.baba i dedo autanazija bolnica

Тие двајца секогаш заедно одат да пазаруваат, бидејќи се плашат еден ден некој од нив да не се врати. Решиле дека не сакаат да се преселат во дом за стари лица бидејќи се плашат дека ќе останат врзани за кревет и дека веќе нема да имаат сили да инсистираат на еутаназија.

Тие прво направиле план да извршат самоубиство на 3 февруари следната години, на 64-та годишнина од нивниот брак. Планирале да се предозираат со таблети за спиење и потоа да стават пластични вреќи на главата, но на крајот сепак се решиле за еутаназија бидејќи премногу се плашат да извршат самоубиство.

„Потребна е храброст да се скокне од 20-ти кат, а не сум во состојба да го направам тоа, дури и да сакам“, рекол Францис.

„Потребна е храброст за да се обесите, потребна е храброст да скокнете во канал. Но да ви даде лекарот инјекција и да ве пушти нежно да заспиете?! За тоа не е потребна храброст, рекол тој.

„Сакаме да заминеме заедно бидејќи и двајцата се плашиме од иднината, Едноставно се плашиме од тоа што ни претстои“, вели Францис.

Нивниот син,, 55 – годишниот Џон – Пол, го контактирал нивниот лекар и му побарал еутаназија во нивно име, но нивниот лекар го одбил тоа барање. Џон Пол потоа нашол друг доктор кој имал волја да ја спроведе еутаназијата. Францис и Ане му се благодарни, а на својата еутаназија се радуваат како да се подготвуваат за патување.

„Не сме тажни, среќни сме. Кога ни рекоа дека можеме овој живот да го напуштиме заедно и безболно, бевме како во облаци. Како сево ова време да сме го минале во тунел и сега повторно изненадно сме во светлина“, рекол Францис.

Овој случај на двојна еутаназија нема да биде прв во Белгија. Уште во 2012 година глувите близнаци Марк и Еди Вербесем (45) биле подложени на еутаназија кога дознале и дека ќе ослепат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1