Семејството на славниот диџеј Авичи се обрати во јавноста со соопштение во кое се наведува како тој „ не можел повеќе да издржи и дека сакал мир и спокој“, поради што во јавноста почнало да се шпекулира дека станува збор за самоубиство.
Авичи имаше само 28 години кога беше пронајден мртов во Оман на 20. април, а неговата смрт го шокираше светот. Се нагаѓаа како Авичи починал поради здравствени проблеми, а неговото семејство изнесе сосема поинаква приказна со што ги растажи фановите ширум светот и предизвика нови сомнежи во врска со неговата ненадејна смрт. Иако причината на смртта не е откриена, родителите на Авичи соопштија во четвртокот дека Тим „ не бил создаден за машинеријата во која заврши тој“.
– Нашиот сакан Тим беше трагач, нежна уметничка душа која секогаш бараше одговори на прашањата од егизстенцијална важност. Беше перфекционист кој постигнуваше се, кој патуваше, но пребрзото темпо го доведе до екстремен стрес, стои во соопштението од родителите.
– Кога заврши турнејата сакаше да го пронајде животниот баланс за да се чувствува добро и да го прави тоа што најмногу го сака, а тоа е музиката. Навистина се бореше со прашањата за живот и за среќа. Тим не беше подготвен за машинеријата во која се затекна. Беше чувствително момче кое ги сакаше своите фанови, но не и да биде во центарот на вниманието. Тим секогаш ќе те сакаме и секогаш ќе ни недостасуваш. Ти и твојата музика вечно ќе живее со нас, се наведува во писмото на родителите на Тим.