СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С. (30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда”. С.С. на 28.декември минатата година околу 11.00 часот во Куманово во аптека на улица „Веселин Маслеша“ физички го нападнал вработениот Д.Ѓ. (43) затоа што не му дал ампули дијазепам без рецепт.
Откако вработениот не му ги дал ампулите, С.С. излегол надвор и со камен го скршил прозорецот од аптеката, а потоа физички го нападнал вработениот, при што му нанел тешки телесни повреди.
После тоа, Д.Ѓ. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, а потоа поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.