Не му се бендисало да биде милионер – па се разведува од богатата сопруга


Поранешниот наставник по математика, 57 годишниот Тони Хокен, се разведува од милијардерката Ксиу Ли (51) бидејќи му се смачило да биде богат!

article-2576228-1C20413200000578-878_636x382Ксиу Ли се збогатила кога дошла на идеја да гради трговски центри на неискористените кинески засолништа од воздушни напади.

Го продале својот стан во Лондон и купиле куќа од 1,5 милиони фунти во предградие.

Денеска таа, според Форбс,  располага со богатство од 1,2 милијарди долари.

И додека на Ксиу новиот начин на живот и одговарал и бргу се навикнала да пие вина од илјадници фунти на скапи јахти, Тони секогаш посакувал да го врати стариот начин на живот и да пие обично пиво во паб!

– Ми беше непријатно, немам навика и не сакам да се расфрлам со пари, не сум така воспитан. секогаш сум бил штедлив – вели Тони во интервју за Тајмс.

razvod od milijarderkaТој и покрај богатството никогаш не купувал скапа облека и продолжил да купува користени книги.

По разводот Тони ќе добие „само“ милион фунти или 1,6 милиони долари,  но вели дека тоа му е сосема доволно.

– Постигнавме договор кој не е идеален, но тоа ќе ми биде доволно бидејќи не сакам екстравагантен живот. Ако бидам внимателен, нема да морам воопшто да работам – вели Тони.

Тој и неговата сопруга и без тоа голем дел од времето го поминувале одвоено, поради нејзината презафатеност со бизнисот. Ксиу Ли располага со 22 кинески трговски центри!

Тони вели дека единствено жали што порано не се развеле, но тоа не го сториле за да не влијае лошо на нивниот 17 годишен син Вилијам.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1