Не одговарајте на сомнителни мобилни повици од странство


Бев на состанок и кога заврши на мобилниот телефон имав два пропуштени повика од непознат странски број со префикс 00224. Се јавив на информации, од каде што ми кажаа дека се работи за број од Гвинеја. Ниту познавам некој таму, ниту има шанса да ме барале за нешто од таа земја. Се разбира дека не се јавив да проверам кој е, бидејќи знам дека тоа може дебело да го платам, раскажува скопјанката Марина Весоска. Таа е само еден од многуте корисници на мобилни телефони што изминативе денови добиваат чудни повици и СМС пораки од странски броеви на кои на англиски пишува „јави ми се“.

iphone5-handson_67427aТој што ќе се јави на бројот ризикува да добие многу висока сметка, бидејќи станува збор за измама преку мобилен телефон. Повикот најчесто не може да се прекине, а се тарифира како меѓународен разговор. Дури и да се прекине, корисникот веќе го преплатил ѕвонењето.

Ваквите измами не се новина, а поголемиот дел од граѓаните веќе ги препознаваат и веднаш ги бришат ваквите броеви, избегнувајќи да се јават. Но, мал дел с` уште наседнуваат.

Од „Т-мобиле Македонија“ велат дека повеќето нивни корисници веќе се едуцирани да не одговараат на ваквиот тип повици. Според нив, станува збор за таканаречени „венгири спам повици“, кога број од типот 66***22 се појавува како пропуштен повик на телефонот на корисникот.

– Иако имаме многу мал број вакви приговори, сепак, на секое известување за ваква откриена измама, им се препорачува на корисниците да не остваруваат контакт, ниту да споделуваат какви било информации што се бараат во некои од тие пораки. Што се однесува до СМС-спам, секој детектиран и пријавен, го блокираме за многу кусо време – велат од „Т-мобиле“.

Kорисниците на мобилниот оператор „Вип“ досега не се пожалиле дека добиваат сомнителни повици.

Повеќе на – Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1