Не оди на работа зошто доживува по 100 оргазми дневно (Видео)


Иако во теорија звучи како рајски живот, но се работи за проблем со кој тешко може да се живее.
До пред две години, Американецот Дејл Декер (37) бил сосема нормален маж: вреден сопруг и татко на две деца. Неговиот живот бил сосема обичен, се до едно немило случување, кога паднал од стол и во таа прилика му се поместил еден пршлен.bolest1-630x428
Само во амбулантното возило, на патот до ургентниот центар, Дејл пет пати го доживеал врвот. Му била дијагностицирана траума на карличните нерви, а во медицинската литература е заведено дека оваа состојба може да доведе до хиперсензитивност во гениталното подрачје.
За Декер тоа значело дека морал да престане да оди на работа, за да се спаси од срам, во случај да доживее оргазам на работното место.
После тоа, тој својата состојба ја опишува како грозна и одвратна. Но, тоа не е се.
– Замислете да сте на погреб кај родениот татако, клечите во солзи пред гробот за да му оддадете последна почит, а потоа доживувате девет оргазми со ред. Притоа, свесни сте дека зад вас се блиските пријатели и целото семејство. Просто посакувате никогаш повеќе во живот да не го доживеете врвот, зборува овој човек од Висконсин, каде живее со својата сопруга Ејприл и синовите Кристијан (12) и Тејтен (11) и додава:
– Иако физички тоа донекаде ви одговара, нема никакво уживање. Просто сте згадени од самиот факт дека тоа ви се случува, неважно дали сте на јавно место или пред сопствените деца. Ужасно е тешко да се живее со ваков проблем, искрен е Дејл.
Покрај се, неговиот брак со Ејприл е во криза и таа признава дека вооопшто не и е лесно да се носи со проблемот на својот сопруг.
– Навистина е тешко, посебно откако целиот терет за заработка и купување падна на мене. Притоа, ние повеќе не живееме како маж и жена и нема шанси да имаме секс. Поради неговите оргазмички напади во последно време дури и не спиеме во ист кревет. Нормално е дека поради сето ова и лесно да се скараме дури и околу оние неважни работи, открива несреќната сопруга и додава:
– Но, не се откажувам од него. Се надевам дека докторите ќе најдат начин да ми го вратат мојот Дејл, кој ужасно ми недостига. Тој и понатаму е прекрасен кон мене и посветен татко на нашите деца. Затоа се надевам дека наскоро ќе му дојде крајот на овој кошмар, вели таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1