Руската агенција за туризам „Ростуризам“ предупреди денеска дека припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) планираат киднапирање на руски граѓани во Турција.
– Лидери на терористичката ИД планираат да киднапираат руски државјани во Турција, се наведува во соопштението.
Како што се објаснува во соопштението, „заложниците би можеле да бидат однесени на територија која е под контрола на екстремистите и да бидат јавно егзекутирани или да се употребат како човечки штит во Сирија“.
„Ростуризам“ им порача на руските туристи да ги преземат сите потребни мерки за гарантирање на својата безбедност.