Не плачи зошто е готово, расположи се бидејќи се случило – РИП Габриел Гарсија Маркес


Добитник на Нобеловата награда Габриел Гарсија Маркез почина на 87  годишна возраст.

Лице блиско до семејството ги потврди извештаите дека добитникот на Нобеловата награда Габриел Гарсија Маркес починал. Беше магичен писател чии романи и раскази беа прочитани од десетици милиони читатели. Нашироко се смета за најпопуларен писател на шпански јазик од Мигел де Сервантес во 17 век,

Неговиот епски роман од 1967 “Сто години самотија продаден е во повеќе од 50 милиони копии на повеќе од 25 јазици.

Светската слава на Гарсија Маркес, познат под прекарот Габон, доаѓа со објавувањето на книгата “Сто години самотија” во 1967 година. Додека ја пишува книгата, во текот на 18 месеци, тој си го продава автомобилот, зема храна на кредит, си го става имотот на облог и пуши по 6 кутии цигари на ден. Неговиот неуморен труд на крај се овековечува со огромен успех, книгата е прифатена со голем ентузијазам и голема почит од критиката, а е преведена на голем број странски јазици. Маркес се препознава како најпознатиот претставник на магичниот реализам според елементи кои се наоѓаат во многу негови дела. Главен мотив во нив е осаменоста.

Тој е еден и од најцитираните писатели. Неговите мисли се водилка за многу во светот.

markes

– Не плачи зошто е готово. Расположи се, бидејќи се случило. – Gabriel Garcia Marquez

– Не е точно дека луѓето не ги следат своите соништа бидејќи стареат, стареат бидејќи не ги следат своите соништа.

– Јас те сакам не заради тоа што си ти, туку поради тоа што сум јас кога сум со тебе.”

-Вистинскиот пријател не е оној кој те држи за лактот, туку оној кој го допира твоето срце.”

– Нема човек кој заслужува твоите солзи, а оној кој ги заслужува, не те тера да плачеш.”

– Не ги вреднуваме нештата по нивната вредност, туку по тоа колку тие ни значат.“

– Животот не е она што сме проживеале, туку она на што се сеќаваме, а како се сеќаваме, така го и повторно прераскажуваме.“

– Срцето има повеќе простор отколку еден бордел!“

– Луѓето не се раѓаат само оној ден кога мајката ќе ги донесе на овој свет, туку животот ги тера самите да се препородат повеќе пати.“

– Секогаш постои едно утро и животот ни нуди една прилика за да направиме се’ да биде подобро… но, што ако се лажам и ако денес е се’ она што ни останало.

– Утре не се знае дали ќе дојде. Денес може да биде последен пат да видиш некого кого сакаш. Заради тоа – не чекај! Направи го тоа сега, затоа што ако не дојде утре, ќе зажалиш за денот кога не си имал време за една насмевка, прегратка, бакнеж , само затоа што… затоа што си бил вработен!

– Побарај ги луѓето што ги сакаш, шепни им колку ти се потребни, сакај ги и биди добар. Најди време да им кажеш “Жал ми е“; “фала“, “те сакам“ и сите останати нешта кои ги мислиш.

– Никој нема да те запомни по твоите скриени и тајни мисли. Замоли го Бога да ти даде сила и мудрост за да можеш да изговориш се’.

Кажи им на пријателите и на драгите луѓе колку ти се важни.
Она што е вредно е овој час и овој момент.

А ова е неговото проштално писмо со светот и животот….

Кога барем само на момент, Бог би заборавил дека сум закрпена марионета и кога би ми подарил само уште едно крпче живот времето би го искористил многу подобро и поинтензивно.

gabriel-garcia-marquezНајверојатно не би кажал се’ што мислам, но би размислил што зборувам. Би ги оценувал работите не според нивната вредност, туку според нивното значење.

Помалку би спиел – повеќе би сонувал, затоа што во секоја минута во која затвораме очи, губиме 60 секунди светлина. Би продолжил кога другите ќе застанат, би бил буден кога другите спијат.

Кога Бог би ми го подарил тоа парче живот, едноставно, би се сончал долго, не само моето тело, туку би ја отворил и мојата душа.

На луѓето би им докажал дека се лажат кога мислат дека не можат да се заљубат кога ќе остарат. На едно дете би му подарил крила, но би му препуштил само да научи да лета. На старите би им порачал дека смртта не доаѓа со староста, туку со заборавот.

Од вас драги мои научив многу работи. Научив дека целиот свет брза кон врвот на брдото за да живее од високо, без да знае дека вистинската среќа лежи во подножјето на брдото.

Научив дека кога новороденче првпат ќе го допре палецот на татка си, дека го врзува за цела вечност, засекогаш.
Научив дека човекот има право да гледа на другиот од високо само кога му помага да стане.

Има толку многу работи што ги научив од вас, но наученото нема да ми помогне многу кога ќе лежам во ковчегот – за жал веќе полека умирам.

-Кога би знаел дека денес ова ми е последен оброк, силно би ве прегрнал и би го замолил Бога да ми дозволи да бидам ангел – чувар на вашата душа. Кога би знаел дека ова се последните минути во кои ве гледам би ви кажал “ве сакам!“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1