Не плаќајте патување преку интернет без потпишан договор – еве што може да ви се случи


Зимување во Австрија за половина цена од реалната, заштеда од 100 евра на викенд во Банско, василичарски викенд во Вевчани за 30 евра наместо за 50, се само дел од многуте понуди за патувања кои може да се најдат на интернет-страниците за групни попусти.

60770128-internet-bankarstvo-racunalo-karticaИако звучат многу примамливо, граѓаните мора да се особено внимателни кога купуваат ваучери за вакви аранжмани за да не бидат измамени и да останат со кратки ракави. Односно преку интернет да уплаќаат патувања само преку оние страници што поседуваат лиценца за продажба на туристички аранжмани, советуваат во Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ).

– По купувањето на ваучерот, лицето мора да инсистира да потпише договор, без разлика дали аранжманот се продава директно преку интернет-страница или таа е само посредник. Само така граѓаните може да ги остварат своите права и да бараат отштета ако патувањето тргне наопаку. Законски сите што продаваат туристички аранжмани мора да имаат и лиценца – велат во ОПМ.

Од таму објаснуваат дека доколку некој се сомнева оти некоја интернет-страница продава патување, а нема лиценца, треба да пријави во Државниот пазарен инспекторат. Доколку, пак, веќе купил ваучер, да бара да потпише договор.

Во Пазарната инспекција велат дека не сите интернет-страници што нудат попусти имаат лиценци за продажба на туристички аранжмани.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1