Сексуалната робинка на принцот Ендрју: се сеќавам на неговата смрдеа и лигавите допири


– Бев омилена малолетна девојка која требаше да направи се принцот Ендрју да има насмевка на лицето. Уште се сеќавам на неговата смрдеа и лигавите допири – изјавила 31-годишната Вирџинија Робертс, поранешната собарка во спа-центрите на Доналд Трамп.15698andrew

Таа три години му била сексуална робинка на богатиот инвестициски банкар Џефри Епштајн (61), и како што тврди таа,  тој ја продавал.

Вирџинија во судот во Флорида го предала своето сведоштво во кое меѓудругото го терети и британскиот принц, а тој сите тие обвинувања ги негира. Девојката на 18 години почнала да работи кај Џефри како масерка. Таа не знаела дека во тоа бил вклучен и секс.

– Кога дојдов кај него, една госпоѓа ме испрати до неговата соба. Џефри лежеше на стомак. Ми кажа на рацете да ставам масло, таа почна да му го масира стапалото, а потоа своите голи гради ги допре до него. Мене ми рече да го направам истото. Таа ме допираше додека се сексав со него. Знаев дека масажата не треба да изгледа така  – изјавила Вирџинија.virginia-roberts

Со британскиот принц Ендрју (54) првпат спиела во 2000 година во Лондон, а Епштејн за тоа и платил 12.300 евра. Гислејн Максвел ќерка на покојниот британски медиски тајкун Роберт Максвел, како што вели,  тогаш била мадам и и  купила облека во вредност од 6.500 евра за да биде убава за синот на кралицата Елизабета Втора. Вториот пат се сексале по една година во Њујорк. Тогаш Џефри и платил 10.000 евра.

– Ендрју седеше во фотелја а покрај него стоеше моја гола слика – вели таа.

Вирџинија последен пат со Војводата од Јорк имала сексуални односи на приватната забава на Епштајн на приватен карипски остров. Таму имале оргија со седум Русинки.

Кралското британско семејство било потресено до скандал во 2008 година кога излегол филмот „Пијалок“ снимен според вистински настан. Во него се прикажуваат фотографии од покојната принцеза Маргарет со црномурести момчиња.

Инаку и принцот Хари е познат по тоа што сака разуздани забави а неговата баба не била среќна кога излегле фотографии од неговиот гол задник.

Принцот Чарлс и Камила врската ја започнале додека тој беше во брак со принцезата Дијана, која пак имала пет љубовници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1