Не сакале да платат патарина – го нападнале вработениот – останал без заб


patarina2Пред два дена во ПС „Ѓорче Петров“, Ф.М.(38) од село Љуботен пријавил дека околу 21.00 часот, додека бил на работно место на патарината „Глумово“ три непознати лица кои не сакале да платат патарина физички го нападнале лицето од обезбедувањето, а откако Ф.М. се приближил кон нив, едно од лицата физички го нападнало Ф.М.

На Ф.М. му е укажана лекарска помош, каде е констатирана тешка телесна повреда-скршеница на заб, а се преземаат мерки за откривање на сторителите, информира МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1