Не сакам да се вратам во градот, загадено е – сибирското дете Могли сака да остане во дивината (Видео)


Момчето Оџан за првпат проговорил после 16 години. До тогаш живеел со своите родители Александар и Елена во една изолирана еднособна колиба и го пропуштил комплетното формално образование.

Тој вели дека сака да го продолжи животот во колибата и дека не сака да живее во близина на други луѓе.

Sibirski-mogli-300x225„Живееме добро. Нашата реалност е да живееме овде и тоа е прилично добра реалност. Да се преселиме во близина на градот? За тоа би морале да имаме културно друштво, а би морала да се промени и загаденоста во градовите. Среќен сум овде“, рекол Оџан.

Семејството преживувало со привремено продавање на слики, а родителите го научиле Оџан да чита и да пишува, па дури и да зборува англиски јазик. Тој самиот вели дека единствено нешто што му недостасува е тоа што не може да вежба јазик со некој изворен говорник.

„Секако дека треба да вежбам. Кога би добил можност да комуницирам со некои луѓе кои не говорат руски, барем еден месец“, рекол Оџан, додавајќи дека остатокот од своето време го минува сликајќи и читајќи книги.

Неговите родители ја одбиле социјалната норма уште на почетокот од 90-тите години, со падот на советскиот режим. Велат дека сакале нивниот син да биде „мудар, љубезен и вистински човек“.

Неколку локални жители го пронашле Оџан, откако родителите го оставиле сам во колибата, а тој побарал помош во блиското село.

Руските медиуми го нарекуваат „шумско дете“ или „Сибирски Могли“.     

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1