Не се дерете – вревата му штетела на срцето


Функцијата на срцето може посериозно да се оштети поради поголема изложеност на секојдневната вообичаена врева, сугерираат научниците од Германија.

heart_rate_monitor1Научниците од „Хелмхолц Зентрум Минхен“ објави дека и вревата како ѕвонење на телефон може краткорочно да го зголеми бројот на отчукувања на срцето кај испитаниците. Наодите собрани од 110 возрасни лица го објави стручното списание „Environmental Health Perspectives“.

Според истражувачите, веќе и звуците потивки од 65 децибели (нормален разговор или смеење) доведуваат да се забрза пулсот. Оваа појава била уште поизразена по изложеноста на посилна врева. Исто така се покажало и дека изложеноста на посилни звуци била поврзана со намалување на варијабилноста на срцевиот ритам.

Претходни истражувања веќе го поврзаа намалувањето на варијабилноста на срцевиот ритам со зголемувањето на ризикот за срцев удар. Бројни поранешни студии веќе укажаа на поголеми изгледи за срцев удар кај лица кои редовно биле изложени на вревата на работното место.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1