ФОТО: Какви скриени пораки имаат славните логоа?


Многу познати компании имаат сублиминални пораки во своите заштитни знаци. Ако не ги забележувате не значи и дека не ви делуваат, пренесува Економски.мк.

Во негативниот (белиот простор меѓу буквите) Федекс крие стрелка која потсвесно упатува на ефикасност и движење.

fedeks

Во логото на Тур де Франс има добро интегриран велосипедист.

tur-de

Логото на Тоблероне ја претставува планината во чие подножје е градот на познатото швајцарско чоколадо, но во планината има и мечка која танцува.

toblerone

Стрелката од А до З порачува дека во Амазон ќе најдете се (од А до Ш во кирилична варијанта), но тоа е и задоволна насмевка со дупче на едната страна.

amazon

Повеќето веројатно го забележале, но за останатите – во логото на НБЦ има паун.

nbc

Логото на SUN микросистеми може да го прочитате од која страна сакате, а во него всушност нема S. Има само U и N.

sun

На некои логото на LG им личи на Пекмен, но повеќето гледаат L и G во вид на намигнувачко лице.

lg

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1