Не се договоривме така – Ердоган се пожали од Американците


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Курдските борци (ПКР) не се повлекле од некои сириски погранични области и дека, и покрај договорот, американските сили сè уште спроведуваат заеднички патроли со курдската милиција.

Пред скоро еден месец, Турција и нејзините сириски сојузници започнаа прекугранична офанзива против курдските борци на ПКР, зафаќајќи 120 километри од пограничната област.

Тогаш Турција склучи два одвоени договори со САД и Русија според кои ПКР треба да се повлече од т.н. „безбедносни зони“ што Турција има намера да ги основа на сириска територија.

Анкара, пак, вети дека ќе ја запре офанзивата против Курдите, инаку американски сојузници. Додека Вашингтон и Москва тврдат дека курдските борци ја напуштиле областа, Ердоган тврди дека тоа не е случај.

„Овие области не се испразнети од терористи. Терористите не се оддалечени ниту од Тел Рифат, ниту од Манбиџе“, изјави денеска Ердоган.

Тој рече дека ќе го испочитува договорот со двете светски сили дури кога Вашингтон и Москва ќе ги исполнат своите ветувања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1