Не се карајте денес – ВОНРЕДЕН ХОРОСКОП – Како помрачувањето ќе влијае на вас


Помрачувањето не е фатална, негативна појава од која треба да се плашиме, вообичаено се случува неколку пати годишно. Специфичноста на ова помрачување е во тоа што е во конјукција со Месечината во Марс и тоа во ретроградно движење, а во широка конјукција со Сонцето во Уран, така што добива на знаење и сила. Општо земено, во овој период не треба да започнете конфликт, или да распламтите некој стар конфликт. Влијанието на помрачувањето може да се чувствува и следните шест месеци, па важно е да се биде смирен и внимателен. Еве како хороскопските знаци ќе го почувствуваат влијанието.mesecina33

Овен
Немој да бидете егоцентрични, не ставајте ги своите одлуки во прв план. Потребно е да најдете компромис и да ја решите ситуацијата на најбезболен начин. Никако не е добро да расправате за проблемите во бракот или врската затоа што лесно може да дојде до раскинување, заради што многу брзо ќе зажалите. Партнерствата на работа се исто така на проба, па може да се случи навредени од некоја моментална ситуација да прекинете нешто што ви дава материјална сигурност. Бидете тактични и внимателни.

Бик
Обидете се што помалку работи да криете од себе и другите. Месечината при помрачувањето ќе биде во вашето природно поле на тајни, па лесно може да се случи некои тајни кои не сакате другите да ги знаат, баш тогаш да излезат на виделина. Бидете искрени и соочете се со вистината, колку таа да изгледа непријатно. Не ризикувајте вашите блиски тоа да го дознаат на непријатен начин.

Близнаци
Желбите се едно, а можностите друго. Не би требало премногу да фантазирате, туку барајте реални рамки за конкретни акции кои ќе го подобрат вашиот живот. Значи, прифатете го советот на народната поговорка “подобро врапче во раката, отколку гулаб на гранка” и задоволете се со тоа што го имате, не се фрустрирајте многу околу нешто што го немате, и не постои шанса дека наскоро да ги имате, и на деловно – финансиски и на емотивен план. Научете да цените се што сте постигнале.

Рак
Непријатности можете да очекувате со родителите или децата. Тоа нема да биде нешто што сега одеднаш се случува, тоа е одраз на долгогодшно несогласување, но тоа сега ќе кулминира. Значи, ако правилно и со почитување сте се поставиле во семејните односи, сега немате причина да се грижите, но ако досега вие сте ги носеле сите семејни одлуки, сега може да ви се спротстават. Избегнувајте расправии и со личности на високи функции, бидејќи можат да ви затребаат.

Лав
Браќата и сестрите можат да бидат извор на проблемите доколку имате заеднички проблем или судар на мислења, или
доколку тие западнат во проблеми кои ќе треба да им помогнете да ги решат. Би било добро да ги избегнете кусите патувања доколку не се задолжителни и секојдневни, бидејќи може да имате дефекти, или непријатности. Долго незавршеното образование може да ве мачи во овој период, а добро е ако сега донесете одлука да го приведете до крај, до диплома.

Девица
Внимавајте на парите, личните документи, хартиите од вредност, можн се загуби. Вашите финансии по ова влијание ќе тргнат на подобро, или на полошо и тоа ќе биде забележителна промена, а се ќе зависи од тоа колку сте го подготвиле теренот и внимателно сте работеле на сите можности за да ја поправите својата материјална положба. Доколку имате судски рочишта деновите околу 8 октомври, би требало да ги одложите, бидејќи на која било страна да сте, нема да добиете поволни одлуки.

Вага
Бракот, јавноста и партнерстата се полиња на кои дојде до точка кога треба да одлучите еднаш засекогаш што е добро, а што е лошо за вас. Не се обидувајте по секоја цена да им се допаднете на луѓето и да им угодите, правејќи си на себе фрустрации. Бидете искрени кон тоа што навистна сакате и бидете свесни дали тоа навистина можете да го постигнете. Иако сте склони на компромиси, сега ситуацијата ќе се реши, а на вас е тоа да биде во склад со вашите очекувања.

Скорпија
Тајните врски и тајните бизниси се на удар на овој аспект и голема е веројатноста дека заради дополнителната енергија на Сатурн кој се движи низ вашиот знак, не само што ќе бидете соочени со разоткривање, туку и со санкции. Било да ве оставил брачниот партнер, или да бидете под лупа и истрага, дури и да не е правна, ќе бидет осудени за однесувањето од средината. Значи, бидете многу внимателни и размислете за тоа да најдете начин да ги избегнете ваквите последици.

Стрелец
Извесни се проблеми на емотивен план, оддалечување од партнерот, додека на постарите припадници на знакот може да им се случи да донесат одлука да го напуштат заедничкиот стан и почнат самостојно да живееат, но тоа нема да биде изведено без расправија и непријатност. Што се однесува до помладите, тие нема да можат да бидат премногу слободни во врската и да го креираат однесувањето на партнерот според тоа што ним им се допаѓа, туку да се потрудат да си ја сочуваат врската.

Јарец
Домот, семејтвото и расправиите внатре во семејствоот се во прв план. Ако го одложувавте соочувањето со заобиколување на важните прашања, некој сега нема да може да чека. Ќе бара од вас одговори сега и веднаш. Не купувајте и не продавајте недвижнини неколку дена пред и после 8 октомври. Не се поставувајте над другите во семејството, настојувајте дури и во напнати ситуации да ја задржите рамноправноста во комуникацијата.

Водолија
Оние кои ги одложуваа испитите, преквалификациите и специјализациите, сега веројатно нема да можат понатаму да ги
одложуваат, или ќе имаат многу неповолни услови, отколку порано. Не е пожелно да патувате во странство овие неколку денови, ниту да договарате големи бизниси со странци. Јасната одлука за тоа во која насока треба да оди вашата иднина значајно ќе ви помогне, но не се лакомете да не биде како во народната “кој бара повеќе, го губи и тоа од вреќата”.

Риби
Лекциите за управување со пари и вредности многу споро ги учите и тешко го применувате наученото. Сега можете да станете свесни колку непотребно сте се презадолжиле и колку тоа било бесмислено. Сега ќе биде тешко да ги расчистите сите долгови, без последици во смисла на незадоволство и нервоза. Едниствена оптимистична точка во целата ситуација е што во одреден рок ќе научите да не ја направите сличната грешка. Значи, размислете пред шопингот, тоа би требало да стане ваше правило на однесување.

ЗаСе.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1