Не се летајте, нека не ве лажат – Германија дава се помалку визи за работа


Во Европската Унија повеќе од 2,3 милиона граѓани од земји што не се во Унијата добиле дозволи за престој, а од нив речиси 200.000 биле издадени во Германија. Според податоците на Евростат, со оваа бројка Германија се најде зад Велика Британија и Полска, кои издале 724.000, односно 273.000 дозволи за престој на новодојденци, пренесува Дневник.visa

Инаку, Германија е петта на листата по број на издадени дозволи за престој, но нејзината стапка е диспропорционално ниска во однос на населението.

Со издадени 2,5 нови дозволи на илјада жители Германија падна под европскиот просек од 4,7.

Што се однесува до бројот на дозволи за престој во однос на бројноста на населението, лидери во Унијата се Малта и Kипар, кои одобриле 24, односно 13 дозволи на илјада жители.

Податоците уште покажуваат дека Германија главно давала дозволи поради семејни причини, а помалку за работа.

За разлика од Германија, во Полска, пак, 51 отсто од издадените дозволи за престој биле за работа, а само еден отсто од семејни причини и осум отсто за школување. Токму ориентацијата на Германија да дава дозволи поради семејни причини доведе до зголемување на бројот на имигрантите во земјата.

– ОБСЕ соопшти дека Германија има најмалку строги правила за имигранти во однос на другите членки на ЕУ, но тоа н` доведе до поголема работна миграција – изјавил Штефан Ангенент, експерт во германскиот Институт за меѓународни и безбедносни прашања.

Според него, причината за тоа е што либерализираните регулативи, кои стапија во сила лани, не беа доволно рекламирани од страна на Владата ниту, пак, им беа објаснети на имигрантите или на потенцијалните работодавци во Германија.

– Владата не го рекламира воведувањето нова имигрантска политика ниту во земјата ниту во странство. Можеби прашањето беше пречувствително – вели тој.

Еден од петте активни чекори за рекламирање на новата имигрантска регулатива беше интернет-кампањата на Министерството за економија наречена „Направи го тоа во Германија“.

Сепак, Ангенент нагласува дека Германија с` уште е земја со најголема миграција кога станува збор за движења во рамките на Европската Унија.

Минатата година во Германија мигрирале речиси 300 илјади луѓе од останатиот дел на Унијата, од кои голем дел биле таканаречена кризна имиграција од економски погодените членки, на пример, Шпанија, Италија и Грција.

Од друга страна, Германија прилично го надминува европскиот просек кога се говори за дозволи за престој издадени за школување, што се поврзува со нејзината тенденција да им ги доделува на луѓе кои веќе се во земјата на едукативни програми.

Оваа тенденција е поддржана и од Министерството за миграција и бегалци, чии податоци покажуваат дека речиси три четвртини од имигрантите од земји надвор од ЕУ со повисок степен на образование сакаат да остана во Германија барем десет години по студирањето таму. Тие обично имаат приоритет во добивањето дозволи за престој.

Според програмата на ЕУ за дозволи за престој „Сина карта“, од вкупно 11 илјади карти во Германија, лани околу седум илјади ги добиле имигранти кои веќе престојуваат во земјата.

Помалата имиграција што ја покажуваат податоците на Евростат е резултат токму на тоа, изјавил политичарот Волкер Бек од Партијата на зелените, додавајќи дека германската економија повеќе не може да си го дозволи тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1