Шокантно признание на Мајк Тајсон „БЕВ СЕКСУАЛНО ЗЛОУПОТРЕБУВАН!“ (Видео)


Мајк Тајсон ужива респект со својот изглед на маженствен и силен маж, но во неговото минато се крие тажна тајна која би го поттикнала секој да упати сочувство кон познатиот боксер. Самиот Мајк призна дека како дете бил жртва на сексуално насилство.majk tajson

Пензионираниот боксер изјави дека кога имал 7 години, постар маж го “украл” од улица. По инцидентот Мајк никогаш повеќе не го видел својот злоупотребувач. “Тој ме малтретираше, злоупотребуваше сексуално и такви работи. Никогаш не го сретнав повторно “, признава Тајсон.

Боксерот успеал да избега од насилникот, но не споделил со никого што се случило. “Јас само продолжив со животот”, вели ѕвездата.

Парадоксално, но во 1992 година Мајк е осуден за силување и издржува три години во затвор. “Не сум сигурен дали тоа ме промени или не”, признава уште Тајсон.

Друго откритие што боксерот го направи е дека во даден момент од својот живот имал ист дилер на дрога со Робин Вилијамс.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1