Не се откажува, ќе се обиде и четврти пат Договорот за Брегзит да го стави на гласање


Британската премиерка Тереза Мај бара начин својот договор за Брегзит по четврти пат да го изнесе пред Парламентот на гласање в понеделник.

Опцијата на премиерката нема да биде единствена на дневен ред в понеделник, туку британските пратеници ќе ги разгледаат и другите.

Британски медиуми јавуваат дека не е исклучено сценарио во кое преку „лице в лице” ќе се најдат алтернативни предлози за Брегзит и планот на премиерката што трипати беше поразен пред Парламентот, и последен пат синоќа, кога му недостасуваа 58 гласови.

Лидерот на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, ја повика Меј да го промени својот договор за Брегзит или веднаш да поднесе оставка, додека Демократската унионистичка партија на Северна Ирска, која ја поддржува владата на Меј, продолжи да се спротивставува на нејзиниот договор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1