Нема информации за повредени или исчезнати граѓани на територијата на Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи.
Но, како што велат, има голем број повици од граѓаните кои информираат за заглавени авромобили и поплавени домови.
Најмногу поплавени има во општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба каде што водата од улиците се прелеала преку тротоарите и ги поплавила домовите.
Според информациите на Центарот излеан е и каналот во населбата Усје.