Членот на рускиот парламент, Михаил Дегтјарјов, во вторникот побара од институциите да им одобрат платени два дена отсуство на жените со месечен циклус.
“За време на месечниот цуклус жената доживува психички и физички непријатности. Болката која ја чувствува поубавиот пол е често толку интензивна што е потребно да викне Брза помош”, наведе 32 годишниот Дегтјарјов, инаку оженет со два сина.
Иистакнува дека болката за време на менструацијата го зголемува уморот, го влошува памтењето и ефикасноста на работата, а исто така предизвикува очигледна емоционална непријатност.
Рускиот парламент сега е на пауза и ќе заседава дури во септември, но активистите за човекови права веќе го отфрлија предлогот на Дегтјарјов како сексистички.
Директорката на организацијата за права на жените “Ana Senter”, Марина Писклакова-Паркер, изјави: “Ако сериозно разговараме за ефикасноста на жените на работното место за време на менструацијата, тогаш би требало да разгледаме и колку се мажите способни за работа кога се мамурни”.