Не се знае дали ќе преживее Дарко Лазиќ


Српскиот пејач со тешки повреди се наоѓа на интензивна нега во земунската болница, откако утрово доживеа тешка сообраќајка по која се бори за живот. Дваесет и седумгодишниот Дарко Лазиќ, кој годинава неколкупати ги полнеше балканските таблоиди кога го фатија со дрога и се разведе, со автомобилот излетал од патот и се превртел на кров, а потоа едвај го извадиле од смачканото возило.
Во моментот на несреќата тој во своето БМВ бил сам, а го извлекувале пожарникари. Пејачот немал појас, тешко е повреден и ќе му се земе крв да се види дали бил пијан.

Дарко Лазиќ е во животозагрозувачка состојба. Не е опериран, зашто лекарите не знаат дали има внатрешно крвавење. Успеале да му ја наместат скршената бутна коска, на апрати за дишење е и е во вештачка кома.

Курир дознава дека има хематом на главата и е интубиран, има скршени ребра, нога, бутна коска…

Семејството и сегашната девојка на Дарко Лазиќ, Марина, уште од вчера постојано се покрај пејачот во земунската болница, каде беше донесен вчера по тешката сообраќајна несреќа. Тој вчера беше на апарати, но како што јавуваат српските медиуми, докторите успеале да ги стабилизираат неговите витални функции и да ја санираат повредата на бутната коска. Сепак, тој се уште е во тешка состојба, со хематом на главата, скршени ребра, нога, бутна коска…

Во болницата пристигна и неговата бивша сопруга, Ана Севиќ, која цело време е пред вратата на собата каде што лежи Лазиќ, пишува „Телеграф“. Ана е видно потресена и очајна поради лошата состојба во која се наоѓа пејачот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1