Дали ви се дига косата на глава секој месец кога ќе ја добиете сметката за струја? Немојте, има решение
Со помош на овие трикови кои ги пренесува српски Новости можете да ги намалите издатоиците и да заштедите маку пари.
Изберете вистински садови за готвење
Металните садови бргу се загреваат, но и се ладат. Керамичките, од друга страна, одлично ја задржува топлината, па со нив можете да го скратите времето на готвење.
Добро исчистете ги пеглата и рерната
Кога се валкани, овие уреди работат помалку ефикасно, па потрудете се секогаш да бидат чисти. Нечистотиите на пеглата можете едноставно да ги отстраните со паста за заби, а кога ја чистите рерната, особено обрнете внимание на вратата.
Одмрзнете го замрзнувачот
Што повеќе мраз има во замрзнувачот, повеќе енергија ќе му биде потребна за да ја постигне соодветната температура. Кога ќе приметите дека има многу мраз, веднаш одмрзнете го уредот.
Испуштете го воздухот од радијаторите
Се работи за испуштање на вишокот воздух за да можат радијаторите да греат до максимум. За ова ќе ви биде потребен посебен клуч или шрафцигер, кои лесно ќе ги набавите.
Наполнете го фрижидерот со шишиња со вода
Не го отворајте често фрижидерот, зашто така влегува топол воздух. Но, ако е полн, на ладниот воздух му е потребно повеќе време да избега, па ако немате доволно намирници, наполнете го со шишиња со вода.