Не смее да чисти баш се: Ова треба да го знаете пред да употребите оцет за чистење


Ги отстранува дамките, ја освежува облеката, ги чисти прозорците и е одличен за уште многу нешта. Оцетот е природно и штедливо средство, но не заборавајте дека е киселина, која не смеете да ја користите баш за сѐ.

Избегнувајте да го користите оцетот на следниве материјали:ocet1

Гранит и мермерни плочи

Киселината во оцетот може да го оштети природниот камен, па наместо тоа употребувајте течен детергент и топла вода. На тој начин, ќе ги заштитите мермерните плочи и гранитот и тие ќе блеснат во полн сјај.


Плочки од природни материјали

Природниот камен во вашиот тоалет никако не поднесува киселини, како што е онаа во оцетот или во лимонот. Држете се до сапуните или детергентите за садови и топлата вода.


Дамки од храна и пијалаци

Ако ви падне јајце на подот, не посегнувајте по оцетот. Киселината може да направи јајцето да се стврдне, а тоа значи потешка работа за вас.


Дрвени подови

Користете специјални производи кои се направи за чистење на дрво. Не може секоја дрвена површина да ја издржи киселината од оцетот. Доколку сепак сакате да употребувате оцет, направете го тоа на некоја незабележителна површина, а пред тоа оцетот растворете го во вода.

Црнобело

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1